Живот 13. септември 2018. / 12:24

Доаѓа есенско освежување, ова е последен летен викенд..

Доаѓа есенско освежување, ова е последен летен викенд..

Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност, максималната температура ќе достигне 33 степени, а УВ индексот ќе изнесува 6.

Во сабота времето ќе биде сончево со умерена облачност, максималната температура ќе се искачи на 33 степени, а УВ индексот ќе изнесува исто така 6.

Додека во недела времето ќе биде сончево со мала облачност и со умерен северен ветер, а максималната температура ќе достигне 32 степени.

УВ индексот ќе изнесува 6.

Според долгорочните пргонози, по овој викенд ќе треба да се почнеме да се збогуваме со летото, бидејќи тоа ќе биде последниот со убаво и пријатно време. Сончево и со релативно високи температури ќе биде некаде до петок, а од наредната сабота почнува дестабилизација која на почетокот на викендот ќе услови послаби врнежи кои ќе се интензвириаат во недела и ќе донесат намалување на температурите кои нема да надминат 23 степени. Слично ќе биде времето во целата прва недела од календарската есен, а најсвежо ќе биде кон крајот на неделата кога максималните температури нема да надминат ниту 20 степени.