Живот 30. мај 2018. / 13:23

До петок температурите ќе растат – за викендот пороен дожд

До петок температурите ќе растат – за викендот пороен дожд

Денеска сончево и топло време, попладне со умерена облачност.

Во следните два дена во попладневните часови во крајните западни и јужни делови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Во петок и во деновите од викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси. До петок дневните температури ќе бидат во благ пораст.