Живот 18. септември 2018. / 14:42

До недела уживајте во топлото време – од понеделник пад на температурите

До недела уживајте во топлото време – од понеделник пад на температурите

Од наредната, метеоролозите најавуваат сончево време но значително пониски температури кои на дневно ниво само благо ќе надминуваат 20 степени.

Свежо ќе биде и наутро. Веќе од недела, утринските температури ќе бидат едноцифрени, а на повисоките места ќе се доближуваат и до нулата. Продор на студена воздушна маса се најавува кон средина на идната недела, кога и дневните температури нема да надминат 20 степени а утринските ќе бидат под 5 степени. Во овие денови, особено ако излегувате порано, ќе ви биде потребна и јакна.

Слично ќе биде времето се до крајот на месецот, а долгорочните прогнози не најавуваат услови за врнежи.