Живот 25. септември 2018. / 10:08

Дневен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Дневен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Дневен хороскоп:

Овен
Вашата практичност и ладнокрвност денес ќе бидат на големо искушение, особено ако неодамна сте се впуштиле во еден деловен потфат. Исто така, ќе имате изразена потреба за докажување, особено ако ви е деверена поголема сума или раководна позиција. Од партнерот ќе очекувате разбирање за вашата отсутност и посветеноста на другите аспекти на животот.

Бик
Вашиот конечен суд околу некои работи е во голема мерка формиран врз основа на мислењето на мнозинството, а не на вашето лично. Големи се шансите дека некаде сте погрешиле. Недостатокот на љубопитливост може да влијае на тоа исхитрено да постапите во донесувањето на некои одлуки. Ако одвоите малкау време да го послушате вашето срце, многу лесно ќе се вратите на вистинскиот пат.

Близнаци
Ја пренагласувате важноста на некои чувства кои ги имате кон личност која неодамна сте ја запознале. Поради вашето идеализирање до крајот на денот ќе бидете повредени од некои постапки. Исто така, имате впечаток дека ви е ускратено нешто што сметате дека со полно право ви припаѓа. Не бидете непретпазливи во сообраќајот, а ова особено се однесува на користењето на телефонот.

Рак
Пред вас е напорен период кога работата е во прашање и би било добро навреме да ги наполните батериите за да бидете подготвени за сите предизвици. Денот искористете го занимавајќи се со активностите кои ве забавуваат и во кои уживате. Потрудете се да се посветите на саканата личност, особено ако ви довери некој личен проблем или загриженост. Здравјето е во најдобар ред.

Лав
Недоразбирањата на работа се резултат на нечија погрешна интерпретација на вашето однесување. Поразговарајте за некои постапки, пред да изреагирате – почувствителни сте од обично. Ќе бидете задоволно со една склопена зделка или потпишан договор. Проблемите во семејството обидете се да ги решите до крајот на денот, особено оние кои се однесуваат на недоразбирањата со партнерот.

Девица
Вашите аналитички способности на кои сте горди денес ќе бидат во втор план. Извесни интензивни емоции ви отежнуваат на некоја ситуација да ѝ пристапите непристрасно. Денот не е поволен за совети, започнување проекти, учење – со еден збор, заборавете на новите почетоци. Најмногу ви годи релаксирање или умерена физичка активност. Разговор со пријател ќе ви помогне да ги наполните батериите.

Вага
Ќе бидете несмасни и ќе направите некој проблем со документацијата. Фокусирајте ги умот и енергијата на продуктивни работи. Имате љубоморни колеги, но тоа само како да ве мотивира да бидете подобри. Изолирајте се малку од партнерот за да сфатите дали животот навистина нема смисла без него.

Скорпија
Конечно ќе започнете да го гледате вашето тело онака како што заслужува. Полната Месечина ќе настапи во вашата 6-та куќа на здравите навики и ќе ви помогне да воспоставите животен стил кој ќе му годи на вашето тело. Ќе престанете да паѓате на слатки искушенија кои само трупаат непотребни калогии во вашето тело.

Стрелец
Ова не е време за административни работи. Имате многу енергија, па потрошете ја за откажување од некои лоши навики. Пријателите ќе успеат да ве извлечат од дома и да ви покажат ново одлично место за забава. Емоционалната сигурност ви е приоритет во врската и очите ви се комплетно вперени кон партнерот.

Јарец
Семејството пред сè! Денес одделете си неколку часа за најмилите, исклучете ја технологијата и поминете квалитетно време со нив. Полната Месечина ќе настапи во вашата 4-та куќа на домот и семејството и ќе ви помогне да изградите прекрасни семејни односи.

Водолија
Не се двоумите кога е здравјето во прашање, па така ќе минете часови и часови во испитувања, но тоа ќе ви донесе душевен мир. Малку сте посесивни во врската и рацете како да не ги тргнувате од партнерот. Пронајдете некое хоби за да не го задушите и да сфати дека не сака окови за цел живот.

Риби
Покажете што умеете на вашето работно место и ќе бидете наградени. Доколку во изминатите шест месеци се стремевте кон повисока работна позиција или унапредување, сега ќе го добиете заслуженото. Многу Риби ќе почувствуваат зголемена самодоверба.