Живот

Детали од тешката трагедија на славниот спортист: Бремената мајка скокнала во базенот да го спаси девојчето

Детали од тешката трагедија на славниот спортист: Бремената мајка скокнала во базенот да го спаси девојчето

Во понеделникот животот трагично го загуби 19-месечната ќерка на славниот американски скијач Боде Милер, а сега се познати и првичните детали од несреќата.

Малена Емелин со мајка и Морган Бек отишла на забава кај соседите. Откако не ја видела неколку минути, Морган со уште една жена, веднаш тргнала да ја бара. Штом ја забележала во базенот, иако бремена, веднаш скокнала и ја вратила Еми на суво.

Неколку луѓе се обиделе да и помогнат. За жал и обидот за реанимација бил неуспешен. Едно лице рекло дека детето било под вода неколку минути, а некои кажаа дека чувствуваат слаб пулс.

Морган и дала вештачко дишење, а од телото на девојчето излегло голема количина на вода.

Итната помош, дошла брзо, но за жал девојчето било мртво.