Живот 04. септември 2018. / 10:28

Денот на независноста неработен ден за сите граѓани

Денот на независноста неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија 8 септември 2018 година (сабота), Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните во Република Македонија им го честита Денот на независноста.