Живот 28. ноември 2018. / 09:15

Денеска ветровито време – попладне снег

Денеска ветровито време – попладне снег

Поради спуштање на постуден воздух од север ќе се задржи облачно, студено и ветровито време со повремени врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег со слаб до умерен интензитет. Попладне врнежи од снег се очекуваат и на некои пониски места.

Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значителен пад на температурата во наредните денови.

Во четврток ќе биде студено, на места со слаб снег, а во петок се очекува намалување на облачноста.