Времето вечерва и преку ноќта, во поголемиот дел од земјата ќе биде ведро, само на запад во текот на ноќта ќе има мала до умерена облачност. Ветерот ќе се намали.
Утре претпладне повеќе облачност ќе има на западот, а од пладне во западните делови ќе биде значително облачно со локален дожд, на места пороен и со услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе се движи од 2 до 11 а максималната од 21 до 27 степени.
Во Скопје исто така претпладне ќе биде сончево со мала облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми. Температурата ќе биде во интервал од 8 до 25 степени.
Утре и во понеделник во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и појава на локален дожд, на места пороен и со услови за појава на грмежи, особено во западните делови од земјава. Од вторник ќе преовладува претежно сончево време, со малку постудени утра.