Живот 18. септември 2018. / 09:23

Денеска сончево и топло

Денеска сончево и топло

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб претежно југоисточен ветер..

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималните температури ќе се движат од 7 до 16, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од 25 до 31 степени.

Продолжува периодот на стабилно, суво и топло време. Утре на повеќе места ќе има појава на умерена облачност.