Времето денеска променливо облачно наместа со дожд и грмежи.
До утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува претежно умерен северен ветер кој во северните делови и долж Повардарието повремено ќе се засилува.
За време на викендот времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневните температури.