Живот 19. септември 2018. / 10:20

Денеска претежно сончево и топло време

Денеска претежно сончево и топло време

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму додаваат дека утринската температура ќе се движи од седум до 15 степени, а дневната температура од 26 до 31 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната температура ќе достигне до 31 степени.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно, суво и релативно топло време