На прашањето кој ќе ја испрати Меган Меркл до олтарот на утрешната кралска венчавка со принцот Хари, сега кога е потврдено дека нејзиниот татко нема да биде присутен, конечно е разрешено.
Во соопштението од кралската палата се наведува дека Меган сама го прашала Чарлс да ја испрати до олтарот, како и дека тој со задоволство ја прифатил поканата и на тој начин ќе и посака добредојде во британското кралско семејство.
За потсетување, Меган сама јавно ја соопшти лошата вест дека нејзиниот татко нема да присуствува на нејзината венчавка.