Живот 18. септември 2018. / 12:01

Цврсто верувал во Бога: Денеска се празнува Светиот пророк Захариј

Цврсто верувал во Бога: Денеска се празнува Светиот пророк Захариј

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 септември.

Денеска е Св. пророк Захариј.

Свети пророк Захариј е таткото на свети Јован Крстител. Потекнуваше од свештеничкото Ароново племе. Син му Јован му беше даден кога тој и жена му Елисавета беа во поодминати години, како дете на верата, т.е. заради нивниот свет живот и цврстата вера во Бога. Животот го заврши маченички беше погубен од Иродовите војници покрај олтарот.