Уште од оваа ноќ циклонот „Невен“ кај нас ќе услови поинтензивни врнежи од дожд додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег со што ќе дојде до позначително зголемување на снежната покривка.
Поради продор на студен воздух од север веќе утре (недела) во текот на денот услови за послаби врнежи од дожд и снег или релативно влажен снег ќе има понекаде и на пониските места и тоа особено на север, запад и североисток како и исток од државава, сето ова ќе биде проследено со умерен до засилен ветер од северен правец на повеќе места. Услови за локално провејување на снег ќе има и во Скопскиот регион.
Максимумот на температурата ќе се искачува во интервалот од 2 до 10 степени меѓутоа од пладне па натаму значително ќе започнат да опаѓаат па веќе во понеделник наутро речиси насекаде ќе бидат негативни и ќе се спуштаат од -6 до 2 додека на повисоките места и на планините ќе се спуштат и до околу -10 степени.
Поинтензивни врнежи претежно од снег но и формирање на снежна покривка во поголем дел од државава се очекува во текот на ноќта понеделник кон вторник како и во вторник што значи конечно љубителите на зимскиот спорт конечно ќе си дојдат на своето.
Подготви: Славчо Попоски