Живот 04. април 2018. / 10:45

Човекот кој имаше сон: 50 години од убиството на Мартин Лутер Кинг (ВИДЕО)

Човекот кој имаше сон: 50 години од убиството на Мартин Лутер Кинг (ВИДЕО)

Со само една речница изговорена пред 55 години, предводникот на движењето за граѓански права, Мартин Лутер Кинг, се зацврстил во редовите на оние великани чии имиња се наведуваат како најзаслужни во обликувањето на современа Америка.

Кинг ја изговорил реченицата во август 1963. година од столбот на споменикот на Линколн пред 250.000 учесници на Маршот за Вашингтон, пресвртницата во борбата на американското движење за граѓански права.

 

Меѓутоа, не тргнало добро како што се надевал Кинг. Тоа било напорно попладне – иако исцрпени од горештината, луѓето пред Линколн Меморијал биле подготвени за реторички адреналин, за исконска поезија.

Задачата на Кинг била да го претвори говорот од обичен во историски, од световен во посветен. Пред себе ја имал најголемата публика во животот. Телевизиските камери ги пренесувале неговите зборови во американските домови, претседателот Кенеди го слушал од Белата куќа, а демонстрантот се мачел со текстот кој имал неколку верзии и на чие обликување работеле премногу раце неколку дена пред собирот.

Масата не одговарала на пораките и изгледало како Кинг да е на работ да пропушти историска шанса.

Тогаш слушнал сугестија од една своја соработничка, госпел пејачката Михали Џексон: “Раскажи им за сонот Мартин”.

Сонувам
Кинг тогаш го оставил однапред составениот говор и почнал да импровизира, кажувајќи зборови кои станале важни за американската нација како и оние на Абрахам Ликолн, пред чиј споменик стоел, и Томас Џеферсон, чиј гроб му бил од десната страна.

“Сонувам…дека моите четири деца еден ден ќе живеат во нација која нема да ги вреднува по бојата на нивната кожа, туку по нивните карактери”.

За својот сон Кинг ќе зборува шест минути, а зборовите “I have a dream” ги повторил осум пати.

Милиони Американци биле фасцинирани.

Говорот кој од слабиот старт се претворил во ремек дело на реториката во една анкета од 1999. година ќе биде изгласан за најдобар говор во американската историја.

“Сонувам…” не било единственото нешто што Кинг го кажал во говорот кој траел вкупно 17 минути.

Повикал на искоренување на расизмот во Америка, барал ненасилна промена, повикал на еднаквост и исти права за сите. Се повикал на Американскиот устав, на Декларацијата за независност, на Прогласот за еманципација со кој сто години претходно било укинато ропството, на славниот говор на Абрахам Линколн кај Гетисбург, и на Библијата.

Тоа било прв пат американската јавност, благодарение на сите три национални телевизии, да слушне колку се оправдани и праведни барањата на афроамериканската заедница.

“Излитена” фраза
Организаторите на Маршот на Вашингтон за работни места и слобода биле многу преокупирани со логистичките подготовки за тој настан, еден од најголемите собири за човекови права во американската историја, и за тоа се да мине мирно, поради што пишувањето на говорот им било во втор план.

Како што рекол еден од неговите советници, Кинг имал неколку скици, но 12 часа пред говорот уште не знаел што точно ќе каже.

Фразата “Сонувам…” Кинг ја користел и претходно, па и на еден собир во Детроит два месеци претходно.

Еден советник го убедувал овој пат да не ја повторува, бидејќи ќе биде клише за еден ваков настан, кој се пренесува на националната телевизија.

Проклето добар
Говорот со денови по маршот бил фален. “New York Times” напишал дека ќе мине многу време пред Вашингтон да го заборави мелодичниот глас на свештеникот Мартин Лутер Кинг, кој пред масата ги раскажува своите сништа.

“Washington Post” тврдел дека станува збор за говор кој се воздигнал над вештината на говорењето, а “Los Angeles times” пишувал за ненадминливата елоквенција на врвниот оратор кој го засрамил заговорниците на сегрегацијата.

“Проклето е добар”, рекол Џон Ф. Кенеди, кој настанот го следел на телевизија во Белата куќа.

Освен што бил импресиониран со тоа што Кинг го изговорил, говорот бил успех и за администрацијата на Кенеди, која се борела за еднаквост во граѓанските права и стравувала дека евентуален неуспех на Маршот ќе го одземе нивниот замав.

Кенеди посебно бил загрижен поради можните нереди, какви што до тогаш ги следеле сличните собири. Со бројни полициски сили, Пентагон имал и 19.000 војници распоредени во предградијата, а сите болници ги откажале планираните операции.

Собирот, меѓутоа, бил триумф на мирот. Од 250.000 луѓе во Вашингтон тој ден, никој не бил уапсен ни за најмал прекршок, а најголема грижа за полицијата биле “ланч пакетите” кои се расипале на горештината.

Една година по славниот говор, Мартин Лутер Кинг добил Нобелова награда за мир, тогаш како најмлад лауреат во историјата.

Се откажал од паричната награда, во корист на движењето за граѓански права.