Минималната температура во четврток ќе се движи во интервал од 2 до 8 степени, а дневната од 18 до 25 степени. Времето ќе биде променливо облачно, попладне со локален дожд.
Во петок дневната температура ќе достигне до 17 степени. Времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен пороен дожд и со услови за локална нестабилност. Ќе дува умерен, на места засилен северен ветер.
Во сабота се очекува променливо облачно време, претпладне со локален дожд и со слаб до умерен северен ветер.