Живот 24. мај 2018. / 20:32

Цел свет зборува за него: Роналдињо „збесна“ – ќе се жени со две девојки (ФОТО)

Цел свет зборува за него: Роналдињо „збесна“ – ќе се жени со две девојки (ФОТО)

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо отсекогаш бил познат по расшниот живот, а сега успеа да се надмине себе си.

Инаку бразилските медиуми пренесуваат дека Роналдињо во август ќе се жени. И тоа не е толку чудно, но тој ќе се жени со две девојки.

Наводно, 38-годишниот Бразилец веќе некое време во својата вила во Рио живее со Присила Коељо и Беатриз Соуз и изгледа дека е луд по двете, па се одлучил да ги жени.

Бигамијата во Бразил е забранета и се казнува со шест години затвор. Меѓутоа, Роналдињо одлучил да го избегне матичарот и црквата, па ќе направи церемонија за венчавка во својата огромна вила. Неговиот брак нема да биде регистриран официјално.

Роналдињо ја запознал Беатриз во 2016 година и веднаш се заљубил. Проблемот бил во тоа што тој веќе бил во врска со Присила и не сакал да раскене, па на крај се одлучил за двете.

На почетокот девојките се бунеле, но брзо се смириле. Фудбалерот почнал да им дава дневен џепарац од 1.500 евра, па тие биле задоволни.

Бразилските медиуми откриваат дека Роналдињо купил два прстени и ги запросил, а тие веднаш изговориле „да“.