Живот 20. мај 2018. / 22:51

Бурна реакција на јавноста – еве зошто кралицата Елизабета II била нерасположена на венчавката

Бурна реакција на јавноста – еве зошто кралицата Елизабета II била нерасположена на венчавката

Покрај еуфоријата за венчавката на принцот Хари и Меган Маркл, во дворецот во Виндзор, јавноста бурно реагираше и на (не)расположението на кралицата Елизабета II.

Кралицата на венчавката стигнала во светло жолто одело, со украс на шеширот придружена од сопругот Филип.

И додека сите други се смееле, кралицата изгледала нерасположена, па многумина коментираат дека таа била таква, бидејќи не била задоволна со изборот на брачната партнерка на својот внук Хари.

Сепак во јавноста е познато и дека членовите на кралското семејство не треба да изразуваат емоции, па најверојатно тоа било причината зошто Елизабета не се смеела.