Фатима Алас (35) од Јордан, која наводно ширела ХИВ низ Србија, е уапсена вчера во Белград.
Таа веднаш била префрлена во женскиот затвор во Пожаревац, а за да се утврди дали е навистина инфицирана со овој опасен вирус, направена и е анализа на крв, која ќе биде позната по три дена.
-Полицијата против неа поднела прекршочна пријава поради незаконски престој во Србија. И било изречена парична казна од 20.000 динари и забрана за влез на територијата на Србија во траење од три години. Поради непоседување на пари, на државјанката на Јордан и била изречена казна затвор во траење од 20 денови и таа била спроведена во Казнено-поправниот завод во Пожаревац – пишува српски Курир.
Фатима била пронајдена пред два дена во паркот Караѓорѓевиќ во Белград.
Кога полицијата ја пронашла жената, веднаш контактирале со Итна помош, која дошла на терен и ја одведе, но Фатима успеала да побегне од комбето.
Тие кој ја виделе Фатима, ја опишуваат како убава и провокативна црнокоса, а била и многу комуникативна, но со психички проблеми.
Се претпоставува дека Фатима имала по пет клиенти дневно.