До крајот на оваа година, 30 матични лекари од целата земја ќе се пензионираат. Со тоа околу 60.000 пациенти ќе мора да си бараат нов доктор во примарното здравство. Но, нема изгледи дека овие луѓе ќе имаат избор. Иако има млади лекари, нема интерес кај нив да работотат во амбулантите, бидејќи се фокусирани како кариерата да ја продолжат надвор од Македонија. Здружението на матични лекари бара итни и конкретни мерки за да се избегне криза во примарното здравство, јавува Алсат М.
Министерот за здравство вели дека се разгледуваат неколку алтернативи за надминување на овој проблем.
Кога ќе се пензионира матичен лекар, се бришат и сите негови пациенти. Ако тој пензиониран лекар под концесија имал и амбуланта, им прекинува работниот однос и на сите други вработени во неговата ординација. Амбулантата во Хасанбег/Сингелиќ е една од оние чиј доктор отишол во пензија пред еден месец и како последица над 4500 пациенти кои биле запишани таму, се избришани од регистарот на амбулантата. Само во Скопје, иста е ситуацијата и во Поликлиниката во Чаир, во „Јане Сандански“ и поликлиниката во Ѓорче Петров. Во руралните области, ситуацијата е уште полоша.
Барањето на Здружението на матични лекари е да се направат законски измени, со што и по пензионирањето или по смртта на матичен лекар кој има под концесија амбуланта, истата да може да продолжи со работа со друг лекар./Alsat M