Живот

Автобусите на ЈСП стари половина век ќе се возат во Битола

Автобусите на ЈСП стари половина век ќе се возат во Битола

Автобуси стари повеќе од 50 години, добиени од страна на ЈСП Скопје, ќе се обраќаат на улиците во град Битола. Овие автобуси инаку не исполнуваат никакви европски стандарди, тие се со ЕУРО 0 стандард, што претставува вистинска опасност за квалитетот на воздухот, кој и така на загрижувачко ниво во градот, објави Економски.

Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола и координатор на советничката група на партијата во Советот, Иванчо Тошевски, прашува дали градоначалничката Наташа Петровска ќе ги прати на училиште своите деца со овие возила со “високи“ еколошки и безбедносни стандарди.

-Општина Битола нема право да врши превоз на патници. Возилата се со ЕУРО и не исполнуваат техничко експлотациони услови. Возилата се постари од 50 години и се небезбедни, а не истите да се користат за превоз на деца, на Фејсбук пишува Тошевски.

Инаку, битолчани се негативно изненадени од оваа постапка и носењето на овие автобуси во градот, ако се знае дека проблемите со загаденоста таму се навистина големи.

На 22 септември оваа година и покрај високите температури нивото на загаденоста во градот беше 90 ПМ-10 честички, што е навистина нетипично и премногу високо за тој период од годината и за температурите