Живот 04. јуни 2018. / 16:20

Анџелина лута на кралското семејство, не се појави на венчавката поради една причина

Анџелина лута на кралското семејство, не се појави на венчавката поради една причина

Анџелина Џоли не дошла на британската кралска венчавка, а се шпекулира дека му е налутена на кралското семејство.

Сега „испливаа“ нови детали за венчавката, а Анџелина наводно не сакала да дојде на венчавката на годината, бидејќи не и било дозволено да ги донесе децата, поради што актерката сметала дека кралското семејство не ја испочитувало.

– Беше навредена поради тоа што нејзините деца не се поканети. И дозволија да доведе придружба, што е повеќе отколку што им дозволија на другите, но таа немаше кога да донесе – рекол извор кој бил информиран за целиот случај.