Аеродромот во Франкфурт, Германија е место на кое работат вкупно 81.000 работници. Овој аеродром е еден од петте најважни во Европа, па низ него годишно поминуваат по 64 милиони патници.
Меѓутоа, моментално аеродромот, има потреба од повеќе од 2.000 работници, со цел нормално да функционира.
Според медиумите потребни се луѓе кои имаат основно познавање на германски или англиски јазик.
Првично ќе се бараат работници од Бугарија, Грција и Хрватска.