Живот 02. април 2018. / 20:55

5 начини со кои ќерка ми ме направи подобар човек

5 начини со кои ќерка ми ме направи подобар човек

Мојот живот засекогаш се промени пред дбе години. Уште од магичниот ден на твоето раѓање, ти ме инспирираше да станам подобар човек. Пред твоето раѓање јас бев човек кој е недостоен да има таква убава ќерка во мојот живот. Да се има ќерка претставува најголемиот извор на мотивација и најдоброто нешто што може да му се случи на еден човек.

Ти комплетно го трансформираше монот живот во последните две години. Искусив експоненцијален раст во мојот развој како човек, татко и сопруг. Се отворија нови области во мојот ум и јас станав човекот кои твојата мајка и ти го заслужувате.

Едно од најдлабоките филозофски прашања што често се прашуваат е: “Што е смислата на животот?” јас го знам мојот одговор на тоа прашање. Ти си мојата причина за живот, ти си значењето во мојот живот. Еве пет причини со кои што ме инспирираше да станам подобар човек.

1.Држи се за она што е исправно
“Стани за она што е право, дури и ако стоиш сам”-Сузи Касем
Нашиот живот е полн со избори и нашите избори се поставени како темел за нашшиот живот. Ние сме живи благодарение на нашите избори во минатото. Ти ме инспирираше да станам за другите и за она што е исправно.Силниот и добриот човек се грижи за помалку среќните. Тој ќе биде силен и немилосрден при заштита на другите. Сакам да видиш дека твојот татко ќе завземе став и ќе гласам против неправдата, дури и ако сум единствениот.

2.Прави го она што е исправно
“Да се знае а да не се направи, сепак не е да се знае”-Роџер Ј. Хамилтон
Лесно е да се каже на некој да ја направи вистинската работа, сепак тоа е многу потешко да се направи. Ти ме инспирираше да го искористам овој став и да го правам исправното. Се што треба да маправам е да мислам на тебе кога сум на работ да направам грешка. Фактот што знам дека ти секогаш гледап прави да се чувствувам сигурно дека ќе се трудам највеќе да го направам правилното, дури и кога тоа е тешко.

3.Биди бестрашен
“Прашањето не е кој нема да ми дозволи, тоа е кој ке ме сопре”-Ејн Ренд
Ме направи бестрашен. Повеќе немам никаква загриженост за она што другите мислат за мене. Поради тебе, јас избрав да живеам на највисокото можно ниво. Лудо е да се мисли на опасностите низ кои се ставаш додека играш на највисокото ниво. Луѓето ке те нападнат кога ќе сватат дека треба да направиш скок. Тие немаат идеа зошто те напаѓаат, но сепак го прават тоа.

4.Постигни физички и ментални перформанси
“Ќе бидеш нејзиниот прв пример, нејзиниот најдобар другат. Таа ќе биде засекогаш твоја”-Вики Рис
Отсекогаш сум бил во добра физичка форма но се искачив многу последниве две години. Ти ме инспирираше да постигнам оптимални, физички и ментални перформанси. Коќта кога се роди, ме инспирираше да станам жесток читател. Јас се сеќавам кога ти литав првата ноќ во болницата. Тоа е едно од моите омилени и највредни сеќавања.

Од тогаш имам прочитано повеќе од 300 книги, и сум во најдобрата физичка форма. Ти беше мојот мотив да го завршам завршам мојот прв маратон.

5.Сакајте ја вашата мајка
“Бог не може да биде насегаде, затоа тој ги создал мајките”-Радјард Киплинг
Ти си мојот компас. Другите луѓе ги користат своите страсти, но јас те користам тебе. Ти си ми инспирација да се будам секое утро и да се чувствувам непобедчив.

Сепак, од се што донесе во мојот живот, има една работа која стои над сите други. Тоа е мојата љубов за мајка ти. Не секогаш сум ја ценел и на моменти ја земав здраво за готово. Не го ценев доволно нашето заедничко време. Времето е најважното нешто што го имаме а јас потрошив премногу од него на бескорисни луѓе кои не даваат вредност вво нашиот живот. Твојата мајка е најубавиот човек кој го познавам, ја сакам повеќе благодарение на тебе.

И покрај тоа што ме растажува дека еден ден ке станеш преголема за мојот скут, знам дека никогаш нема да го надраснеш во моето срце. Како што растеш од една симпатична девојка во убава жена, никогаш не заборавај дека си создадена за големина. Секогаш биди инспиративната жена која што требаше да бидеп и сети се дека јас и мајка ти ќе те сакаме засекогаш!