Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ, 22 ноември 2018 година (четврток), Денот на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија им го честита Денот на Албанската азбука.