Судот во Рим донел пресуда во која мајка на својот шест годишен син ќе треба да му исплати отштета во висина од 10 илјади евра бидејќи споделувала негови фотографии на социјалните мрежи без негова дозвола.
Шест годишното момче од Италија било револтирано од опсесивното и постојано споделување негови фотографи на Фејсбук од страна на неговата мајка, под кои оставала и коментари дека нејзиниот син е најубав, најпаметен.
Судот во Рим донел пресуда во корист на момчето, нагласил дека споделувањето фотографии без дозвола може да подлежи на тужба.
Покрај казната од 10 илјади евра судот на мајката и наложил да ги отстрани сите фотографии поставени на социјалните мрежи.