Самиот назив на овој цвет во буквален превод значи сино ѕвонче иако се смета дека е изведено од свештеникот Ендимион во кој се вљубила божицата Селена. Токму тука започнува целата мистерија која го опкружува овој цвет. Некои сметаат дека е во врска со споменатиот свештеник кој благодарение на вечниот сон поседува и вечна младост, додека убавата божица секоја ноќ се симнува кај него за да го бакне.
Оттаму таа негативна симболика на зумбулот кој во себе носи порака на тага, сетност и недостижност. Други пак, повеќе веруваат во старите келтски легенди кои овој цвет го ставаат во директна поврзаност со самовилите, па затоа за зумбулот честопати може да се слушне дека е опасен цвет, дека човекот може да го занесе, односно да го маѓепса.
Верувале или не, дел од англискиот фолклор говори дека зумбулот „ѕвони“ и на тој начин ги известува вештерките дека е време да се соберат, а особено е „опасно“ да се помине низ поле со зумбули, бидејќи токму тогаш моќите се толку силни што можат да ја заробат душата.
Толку за оние мистериозните и негативни предавнија. Постојат и многу позитивни преданија кои велат дека со носење на венче направено од повеќебојни цветови од зумбул вие добивате моќ односно храброст – секогаш, во секој миг и на секое место да ја говорите вистината. Едно друго предание вели дека се среќни оние кои ќе успеат да ја свртат внатрешната страна на зумбулот без притоа да ги искинат неговите нежни венечни ливчиња, бидејќи на тој начин добиваат гаранција дека набрзо ќе го освојат срцето на лицето кое го сакаат.
Треба да се напомене и тоа, дека мирисот на зумбулот има моќ да ја враќа рамнотежата и хармонијата во нарушените меѓучовечки односи, па затоа слободно можете да го подарувате на некој кој очекува ваше извинување.
Затоа зумбулот е идеален за сите оние кои повремено се чувствуваат изолирано, несакано или осамено, па дури и кога се наоѓаат во друштво. Слободно може да се нарече цветкоја ја враќа верата и сигурноста и кој помага подобро да се носиме со ненадејни стресни ситуации.
На крај додаваме и тоа дека основната симболика на зумбулот е понизност, што најверојатно е поврзано со самиот изглед на цветот (обесено ѕвонче) кое асоцира на лице со наведната глава. Меѓутоа, токму во оваа слика се наѕира и симболиката на длабока благодарност, па и вечна љубов и заветување на трајна посветеност.
Бидејќи зумбулите можеме да ги најдеме насекаде околу нас, тие се идеален начин некого да го потсетиме дека сме подготвени да му пружиме поддршка во било кој момент и на секое место, односно, дека секогаш можат да сметаат на нашата добрина (зумбул со бела боја), пријатно дружење (розов) и верност (сина боја). Која верзија и да ви одговара , веруваме дека зумбулот е идеален подарок кој ќе го омекне и најтврдото срце!