Занимливости 29. април 2018. / 09:37

Зошто Ким Јонг-ун кај и да оди носи со него свој приватен тоалет?

Зошто Ким Јонг-ун кај и да оди носи со него свој приватен тоалет?

„Лидерот на Северна Кореја има свој приватен тоалет кој го носи секаде каде што патува“, изјави бившиот командант во севернокорејската војска, Ли Јун-кеол за Washington Post.

Но, овој факт воопшто не е чуден во споредба со причината поради која Ким секаде со себе влечка приватно WC. Тој тоа го прави заради заштита на информациите кои за него може да ги даде неговиот измет.

„Неговата столица содржи информации за неговата здравствена состојба, така што не може да ја остава насекаде“, објаснува Ли, додавајќи дека Ким Јонг-ун, исто така, има вградени тоалети во повеќето од своите возила.