Жител на Канада заработи 66 милиони канадски долари (42,6 милиони евра), откако го освои божиќниот џекпот на националната лотарија „Лото Макс“ што претставува досега најголема добивка на игрите на среќа во земјата. Добитните броеви во извлекувањето беа 7, 21, 23, 31, 34 и 45 со дополнителен број 37.
Компанијата организатор на лотаријата „О-Ел-Џи“ информира дека добитното ливче било уплатено во провинцијата Онтарио.
Покрај џекпотот, на синоќешното извлекување биле поделени и 20 од 48-те утешни награди. чија вкупна вредност изнесува еден милион канадски долари (646.800 евра).
Досега најголемиот џекпот во историјата на игри на среќа во Канада изнесуваше 64 милиони кандски долари (41,4 милиони евра) што беше исплатен во октомври 2015 година на лотото „6 од 49“.