Занимливости 28. април 2018. / 13:03

Возовите прегазиле човек 300 пати поради грешка на вработените на железницата

Возовите прегазиле човек 300 пати поради грешка на вработените на железницата

Телото на еден човек било прегазено речиси 300 пати во лондонската подземна железница, затоа што еден од вработените мислел дека на шините се наоѓа мртво тело на лисица.

Остатоците на загинатиот човек биле откриени 14 часа откако се случила првата во низата на несреќи. Машиновозачот помислил дека телото е на мртва лисица, па воопшто не го пријавил тоа.

Деловите од телото на 47-годишниот маж биле пронајдени на линијата која што води кон Пикадили. Службениците биле алармирани дури откако возот автоматски сопрел во околу 11:30 часот по локално време.

Како што открива „Сан“, менаџерот кога отишол на лице место да го испита случајот, заклучил дека станува збор за остатоци од лисица или семејство на лисици. Линијата била повторно отворена и низ неа секој час поминувале по 26 возови со патници.

Дури во 13:42 часот следниот ден, полицијата конечно добила повик, а жртвата била идентификувана. Смртта на несреќниот маж засега не се третира како сомнителна, а иако овој инцидент се случил на 28-ми декември минатата година, дури сега англиските медиуми дознаа за тоа.