Занимливости 18. октомври 2018. / 15:27

Во Санкт Петерсбург измерена највисоката температура во последните 100 години

Во Санкт Петерсбург измерена највисоката температура во последните 100 години

Во Санкт Петерсбург денеска се измерени 16,6 степени Целзиусови, што е највисока измерена темепература на денешен датум од 1918 година, кога се измерени 15,2 степени.

Пред три дена во Санкт Петерсбург температурата на воздухот изнесуваше 18,6 степени, со што исто така е соборен рекордот за 15 октомври од 19 век.

Според руските метеоролози се очекува пад на температурите во Санкт Петерсбург, а следната недела можно е и да падне снег.