Јапонската Влада планира да овозможи доставување пратки со помош на дронови. Се очекува тоа да почне да функционира овој месец. Од таа услуга ќе имаат корист слабо населените области, оддалечените острови или планинските села.
Потребата за доставувања пратки со беспилотни летала се должи на недостигот на персонал во овие области, како и поради природните стихии. Ова лето големите поплави во западниот дел на земјата практично ја блокираа работата на поштенските работници.
Компаниите кои ќе испраќаат пошта со дрон ќе бидат обврзани да изградат посебни места за слетување. Во случај временските услови значително да се променат, специјалната сензорска камера ќе ги следи временските промени.
Доколку е потребно, дронот сам ќе ја промени својата рута.