На плажите во регионот Апулија, Италија, пронајдена е протугалска галија, која е една од најотровните животни во светот.
Ова животно, иако личи на медуза, не е тоа, а живее на површината на морињата, достигнува големина од 28 до 30 сантиметри, а ако ја допрете предизвикува силна болка, што може да доведе и до срцев удар.
Според италијнските медиуми, опасното животно, по латинско име Phusalia physalis, е тропски морски вид, па експертите ведаш ги предупредиле луѓето да не го допираат и да се оддалечат штом го видат.
Проблемот е што е навистина атрактивно, па веднаш привлекува луѓе, поготово младите капачи.