Технологијата Blockchain се појави во финансискиот сектор преку криптовалутите како што е Биткоин.
Додека сеуште се тестира, нејзиното влијание врз јавниот сектор не може да се процени. Пилот проектите и доказните концепти се некој вид на печурки, поттикнати од огрномен број на нови технолошки стартапи во широк спектар на области, како што се менаџмент на иднтитет, регистрација на имот и трговија со дијаманти. Пред креаторите на политиките да ја прифатат оваа технологија, за неа треба да се размисли покритички што може, а што не може да предизвика.
Ова е особено важно поради очекувањата дека Blockchain ќе го зајакне интегритетот и ќе ја искорени корупцијата во владата. Како креаторите на политиките ќе ја искористат Blockchain за да изградат повеќе доверба и транспарентност на владата е клучното прашање кое е на врвот на политичката агенда во многу држави, а посебно во државите во Латинска Америка.
Blockchain ја отежнува корупцијата затоа што е технологија што може да потврди записи и трансакции – или „блокови“- без употреба на централна база на податоци и на начин што не може да се избрише или да се менува. Обезбедува беспрекорно ниво на интегритет, безбедност и сигурност на информациите што ги менаџира, намалувајќи го ризикот од неуспех.
Светскиот економски форум во Латинска Америка 2018 година ќе се осврне на искористување на дигиталниот потенцијал за враќање на довербата и негување на интегритетот во владата. Досегашните истражувања покажуваат дека технологијата мора да биде изградена врз основа на посилни институции.