Занимливости 30. декември 2018. / 15:43

(ВИДЕО) УЖАС: Комбе се заби во автомобил во кој има бебе

(ВИДЕО) УЖАС: Комбе се заби во автомобил во кој има бебе

Камера поставена во автомобил го сними ужасниот момент на директен судар со комбе во Шкотска.

Возачот на комбето загубил контрола над возилото кое се излизга на патот и удри во автомобил.

Луиз Томсон се возела со својот партнер Грант и нивната тригодишна ќерка во близина на Перт во Шкотска кога наеднаш им се приближило комбе од десната страна, но тогаш веќе преминало во нивната лента и удрило директно во нив.

Среќа во несреќа е што никој не е повреден, а Луиз потоа ја објавила снимката на Фејсбук и напиша: Ова не е бап најдобар начин да ја поминеш неделата пред Божиќ“.

Додаде и дека се се случило неверојатно брзо и дека нивната ќерка за сето време блажено спиела во своето седиште на задното седиште од автомобилот.