Во Фиренца, угостителите се вратиле во средновековната традиција да продаваат вино преку прозорец поради пандемијата на коронавирусот. Многумина ја искусија оваа долга традиција на Тоскана за првпат во нивните животи.
Откако Италија мораше да затвори голем дел од својата економија и да го заклучи своето население во февруари за да се спречи ширењето на коронавирусот, музичарите и пејачите ги забавуваа соседите од нивните балкони.
Сега, креативните сопственици на ресторани и барови во Фиренца, инспирирани од средновековната традиција, најдоа начин да го одржат својот бизнис, но и духот на градот.
Од Здружението на винските прозорци во Фиренца велат дека мал број вино-прозорци низ градот се отворени неодамна и служат вино, кафе и други пијалоци. Овие протори некогаш биле користени за продажба на вино на работничката класа.
Претседателот на ова здружение од Фиренца изјави за „Инсајдер“ дека луѓето порано тропале на мали дрвени капаци на прозорците за да ги наполнатсвоите шишињата со вино директно од семејствата Антинори, Фрескобалди и Рикасоли кои сè уште произведуваат некои од најпознатите италијански вина.
Овие вински прозорци се уникатни за Фиренца и Тоскана, и некогаш биле нормален дел од секојдневниот живот. Со текот на времето, како што се менувале законите за продажба на вино, тие постепено престанале да се употребуваат и многу од нив трајно затворени..
Повеќе од 150 вински прозорци сè уште постојат само во градските sидови на Фиренца, а има уште многу во регионот. Некои од нив се повторно отворени и се користат за да служат пијалоци и храна на тековно социјално прифатлив начин.
Џелато Виволи во близина на галеријата Дуомо служи кафе и сладолед низ еден ваков прозорец.