Вселенската агенција на САД, НАСА, заедно со американскиот воен гигант „Локхед Мартин“, одлучија да направат најсовремен експериментален авион, кој би можел да го промени патничкиот авиосообраќај и кој ќе лета со брзината на звукот.
Тие се надеваат дека “X-59 QueSST” – “Quiet Supersonic Technology” – ќе достигнува неверојатна брзина, а дека притоа нема да произведува гласни експлозии, кои се проследени од пробивање на звучниот ѕид.
Авионот, кој го нарекуваат “Син на Конкорд”, би летал на висина од 17.000 метри и би достигнувал брзина од 1.500 километри на час.
Компанијата “Lokheed Martin” соопшти дека почетокот на производството “означува пресвртница, која за чекор ќе не доближи до реализација на надзвучни комерцијални летови”.
“Почетокот на производството на основа на проектот означува голем скок напред за “X-59″ и за иднината на надзвучниот комерцијален авио-сообраќај”, изјави Питер Јосфидис од компанијата “Lockheed”.
“Издолжениот, слаб изглед на авионот е од клучно значење за остварување на целта за намалување на звукот на експлозијата при лет со надзвучни брзини. Во моментот кога влегуваме во фаза на производство, конструкцијата полека го добива обликот, и не доближува до целта за надзвучни летови за патници ширум светот”, додава тој.
Експертите кои работат на проектот се надеваат дека X-59 ќе го има својот прв лет во 2021 година.
НАСА очекува дека авионот ќе им помогне да дефинираат прифатливи стандарди за буката која ја произведуваат надзвучните летови, што ќе донесе до укинување на актуелните прописи кои забрануваат надзвучни летови над копно.
Кога го пробива звучниот ѕид, новиот авион би требало да произведува звук од 75 децибели, односно звук кој одговара на оној на затворање на врата од автомобил.
Првиот лет на X-59, со кој патниците еден ден би можеле од Лондон до Њујорк да дојдат за само 3 часа, е планиран за 2021 година. X-59 QueSST би можел да стане прв надзвучен патнички авион за комерцијални летови по легендарниот англиско-француски “Конкорд”, кој беше повлечен од сообраќај пред 15 години.