Занимливости 26. November 2018. / 18:02

(ВИДЕО) Ќе останете без зборови: Норвешка ќе отвори хотел-ресторан под вода

(ВИДЕО) Ќе останете без зборови: Норвешка ќе отвори хотел-ресторан под вода

Норвешка, следната година во април, ќе го отвори својот прв хотел-ресторан под вода.

Објектот, кој се наоѓа во најјужното норвешко приморје, пет метри под водата, има капацитет од 80-100 гости, а иако сеуште не е официјално отворен, резервациите се во тек.

– Хотелот е комплициран и уникатен… Неверојатно искуство за сите гости поради местоположбата, архитектурата, ентериерот, погледот и секако – врвната кујна. – изјави Арне Мартинсен, менаџер на компанијата Суб-мар Груп, и одговорна за овој проект.