Занимливости 23. ноември 2018. / 15:35

(ВИДЕО) Ахмети ги помеша рацете – за малку не му „летна орелот”

(ВИДЕО) Ахмети ги помеша рацете – за малку не му „летна орелот”

Претседателот на Албанија, Илир Мета вчера престојуваше во Скопје по повод Денот на албанската азбука.

Во придружба на видни функционери на ДУИ, меѓу кои и Али Ахмети, претседателот на македонското Собрание Талат Џафери, вицепремиерот Бујар Османи и други, тој прошета низ Старата чаршија.

За време на прославата тие го гестикулираа двоглавиот орел, односно албанското знаме.

Според видеото во симулирањето на двоглавиот орел најтешко им беше да ја направат гестикулацијата со рацете на претседателот на ДУИ, Али Ахмети и пратеникот Реџаил Исмаили.