Истражувачите од Стенфорд и Гугл користат вештачка интелигенција за изработка на мапите на Гугл, а таквата технологија досега дава фантастични резултати.
Претворањето на сателитските снимки во мапите на Гугл благодарение на вештачката интелигенција изгледало совршено, процесот течел без грешки и во рекордно време. А, потоа научниците откриле зошто е тоа така – имено, вештачката интелигенција наречена CycleGAN всушност мамела.
Научниците после одредено време сфатиле дека CycleGAN мами, откако побарале реконструкција на сликата од воздух, врз темел на мапата која што била направена. Одеднаш, на сликата се појавиле детали, кои што на мапата ги немало, како на пример дрвја или прозори на покриви.
Ветшачката интелигенција не ги отстранила деталите од мапите кои што претходно ги направила врз темел на снимките од воздух, туку всушност ги „сокрила“ во фреквенција која што не е видлива за човечкото око. Така, кога научниците побарале да биде извршен „обратен“ процес, сите податоци веќе ги имало на мапата.
Сепак, научниците смируваат и тврдат дека не е проблемот во тоа што вештачката интелигенција е „премногу паметна“, туку тоа што тие не ѝ дале доволно јасни и специфични упатства.
На вештачката интелигенција не ѝ било забрането „криење“ на податоци и немало команда дека „вишокот“ на податоци треба да се избрише. Така, CycleGAN ја искористила „дупката“ во упатствата и ја организирала работата за да биде поуспешна и побрза.
Дали ве потсетува ова на некого? Секако, барањето на полесен начин за завршување на некоја работа е една од главните карактеристики на луѓето кога решаваат некој проблем. Дали тоа значи дека вештачката интелигенција се повеќе наликува на човечкиот мозок? Па, најверојатно да, затоа што луѓето ја создадоа врз основа на својата интелигенција“.
А, што се однесува до CycleGAN, научниците во протоколот подоцна внесле неколку конкретни команди и мамењето престанало. Но, можеби сега е толку добро прикриено, така што се уште го немаат откриено.