Камерата на париските метеоролошки веб страници го фатија моментот кога гром удри во Ајфеловата кула пред два дена, а на фотографијата се гледа молња која го удира врвот од кулата.
Ударот на молњата го забележал фотографот Бертранд Кулк, а објавена е на сајтот „Рамбл“
„Беше електричен ден, времето беше апокалиптично. Бев во мојот стан и прозорецотми беше отворен. Кога почна да грми го грабнав апаратот и фатив мал дел од молњата“ рекол фотографит.
Тој додал дека ветрот бил толку силен што се чувствувал како да се наоѓа среде бурата.