Занимливости 09. мај 2018. / 16:54

Вака изгледа најстрмната жичница на светот: Ја граделе 14 години, а возењето трае само 4 минути (ВИДЕО)

Вака изгледа најстрмната жичница на светот: Ја граделе 14 години, а возењето трае само 4 минути (ВИДЕО)

Најстрмната жичница на светот била пуштена пред неколку дена во Швајцарија, а ги пренесува патниците од Швиц до алпското село Штос.

Нејзините кабини се посебно изработени во облик на цилиндер, овозможувајќи им на патниците секогаш да бидат во исправена положба во текот на возењето, бидејќи тие се ротираат и се прилагодуваат на качувањето.

Жичницата Штос Бан, чија изградба траела цели 14 години, две години подолго од што било планирано, има пруга долга 750 метри.

Патувањето со најстрмната жичница на светот трае само четири минути.

Изградбата на оваа жичница чинела 52 милиони швајцарски франци.