Компанијата Сингапур Ерлајнс во октомври го воведува најдолгиот комерцијален лет на светот кој ќе трае 18 часа и 45 минути.
Станува збор за реалција Сингапур-Њујорк. Моментално рекордот го држи Катар Ервејс, со лет од Окланда на Нов Зеланд до Доха во Катар, и трае 17 часа и 40 минути.
Компанијата за овие потреби порачала седум нови авиони од Ербас А350-900, кои ќе превозуваат 161 патници, 67 во бизнис класата и 94 во економската.