Занимливости 08. јуни 2018. / 22:25

Се гаси еден од најпознатите месинџери

Се гаси еден од најпознатите месинџери

По 20 години постоење Јаху месинџер ќе биде изгасен на 17 јули, потврдуваат од Јаху компанијата.

Компанијата не објаснила зошто го гаси „месинџерот“, но во писменото соопштение за медиуми наведува дека секогаш е во потрага за возбудливи и нови начини за комуникација кои ќе ги понуди на корисниците.

Јаху месинџер беше еден од првите начини на интернет комуникација преку кој корисниците можеа да разменуваат кратки пораки.