Занимливости

Саудиска Арабија планира Катар да стане остров

Саудиска Арабија планира Катар да стане остров

Висок претставник, во петокот го потврди пишувањето на локалните медиуми дека кралството планира да копа канал што ќе го оддели Катар од копното и ќе го претвори во остров.

„Како граѓанин, јас со нетрпение очекувам детали за спроведување на проектот на островот Источна Салва, тој голем историски проект што ќе ја промени картата на регионот”, напиша на Твитер Сауд ал-Катана, советник на престолонаследникот на принцот Мохамед бин Салман. Катарските власти не одговорија на барањето за коментар.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет во јуни 2017 година ги прекинаа дипломатските, трговските и транспортните врски со Катар, обвинувајќи го за поддршка на тероризмот. Доха ги отфрли обвиненијата и тврди дека нејзините соседи сакаат да го поткопаат нејзиниот суверенитет.

Приказната за каналот за прв пат се појави во Сабку, интернет-портал близок на саудиската влада. Неименувани извори ги открија плановите за изградба на воени бази и депонија за нуклеарен отпад по каналот долг 60 километри кој се протега по должината на целата граница со Катар.

Трошоците за изградба беа проценети на 747 милиони долари.