Занимливости 03. јули 2018. / 10:23

„Самураите“ поразени на терен, но победници на трибини: Јапонците повторно ги чистеа трибините

„Самураите“ поразени на терен, но победници на трибини: Јапонците повторно ги чистеа трибините

Навивачите на Јапонија и покрај шокантниот пораз на нивната репрезентација од Белгија, останале на трибините на стадионот Ростов Арена, каде повторно го собирале ѓубрето, кое го направиле во текот на натпреварот.

Јапонија, вчера, го изгуби натпреварот од Белгија со 2:3 и се прости од Светското првенство во Русија.

Иако, Самураите се поразени на тереното, нивните навивачи повторно биле победници на трибините.