Занимливости

Сакала уникатна фотографија за на Инстаграм, па за малку ќе останела без рака (ФОТО)

Сакала уникатна фотографија за на Инстаграм, па за малку ќе останела без рака (ФОТО)

Дали добра фотографија на Инастаграм може да чини живот?

19- годишна девојка Катерина Зарутскки студентка, која се бави со манекенство од 14 години и сакала да патува, ја следат околу 13.000 луѓе, сакала да направи уникатна фотографија за на Инстаграм.

Таа со своето момче отпатувала на Бахамите и одлучила да влезе во вода полна со ајкули, која сајтот Ексума го нуди како безопасна прилика, па таа не сакала да го пропушти тоа и влегла да плива со нив.

Таа влегла во водата, но набрзо едно од морските кучиња ја фатило за раката. Таа вели дека се обидела да остане смирена и да ја извади раката над вода за да не ги привлече останатите ајкули со мирисот на крв.

Кристина рекла дека се исплашила, но знаела дека мора да остане смирена ако сака да остане жива.

Раната и е зашиена и таа зема антибиотици, а на раката и понатака и се видливи забите од ајкулата.

Вели дека ајкулите не направиле ништо лошо, тие се диви животни и препорачува на останатите да бидат претпазливи.