Занимливости

Рибар извршува царски рез на мртва ајкула и ослободува 98 бебиња ајкули

Рибар извршува царски рез на мртва ајкула и ослободува 98 бебиња ајкули

Хуман рибар успеал да породи ајкула со царски рез и да има помогне на 98 бебиња ајкули да преживеат. Мајката била фатално нападната од друг предатор и веќе била мртва кога рибарот ја породил.

Кога 46-годишниот Метју Орлов ја пронашол ајкулата покрај брегот на Викторија, Австралија, сфатил дека нешто сѐ уште се движи во нејзиниот стомак. Потоа тој извршил импровизиран царски рез на мајката ајкула во обид да ги спаси бебињата внатре.

Метју ја пушта секоја мала ајкула во водата за време на „операцијата“ која траела 9 минути. „Веднаш штом ја качивме на бродот видовме дека има седум угризи од друга ајкула. Веднаш штом ја повлеков знаев дека е убиена од друга ајкула. Кога забележав дека стомакот се движи ми се вклучи инстиктот. Микогаш не сум сторил нешто слично на ова, но јас риборам доволно долго за да знам дека треба да ги извадам малите брзо.“, вели Метју.

Иако Метју никогаш порано не направил вакво нешто, сепак слушал приказни од неговите колеги рибари. Откако ги спасил малите Метју ја зготвил и ја изел ајкулата, но вели дека не се чувствува лошо поради тоа, затоа што не сакал нејзиното тело да скапе залудно.

Метју кој првично мислел дека спасил 76 ајкули, пред да открие уште 12 рекол: „Како рибар, ја фаќам рибата за јадење. Месото од оваа ајкула нахрани многу членови на моето семејство. Го сакам океанот и го почитувам тоа што тие се важен дел од екосистемот. Мислам дека шансите за преживување кај малите ајкули се високи.“

Ајкулите Notorynchus cepedianus најчесто раѓаат 70 до 90 живи младенчиња по бременоста која трае околу 12 месеци.