Занимливости 01. јуни 2018. / 13:38

Пронајден советски пилот чиј авион бил соборен за време на војната во Авганистан

Пронајден советски пилот чиј авион бил соборен за време на војната во Авганистан

Советскиот воен пилот, чиј авион бил соборен во борбените операции во Авганистан во 80-тите години на минатиот век и за кој се сметало дека е исчезнат, пронајден е жив во таа земја, изјави раководителот на Сојузот на падобранци на Русија, Валериј Во

„Тој е пронајден и уште е жив. Тоа е нешто неверојатно. Сега ни е потребна помош, не само финансиска, туку и административна, помош од социјалните организации, но и дипломатите“ – изјавил тој.

Востротин не сакал да го соопшти името на пилотот изјавувајќи дека станува збор за доверлива информација.

Инаку, според официјалните информации, од 1979 до 1989 година во Авганистан се соборени вкупно 125 советски борбени авиони.