Занимливости 17. ноември 2018. / 22:43

Принцот Хари и Меган веќе не сакаат да живеат во палатата?

Принцот Хари и Меган веќе не сакаат да живеат во палатата?

Принцот Хари и Меган Маркл веќе размислуваат за нивниот семеен живот по раѓањето на нивното прво дете, а голем проблем моментално за нив, пишуваат британските медиуми, е местото каде ќе живеат.

Имено, Хари и Меган по венчавката се вселија на имотот кај Кензингтон палата, во помала куќа што се наоѓа веднаш покрај палатата. Станува збор за домот во кој Хари живееше додека беше ерген и местото каде тој ја запроси неговата сопруга.

Британците нивниот дом го знаат како „Нотингем куќата“, но, како што пишуваат британските медиуми, не е изненадување што тие сакаат да се преселат во нов поголем дом.

Во Кензинготн палатата простор не недостига. Таму веќе живеат Кејт Мидлтон и принцот Вилијам и нивниот дел од палатата има дури 20 простории. На иста адреса живеат и роднините на кралското семејство, меѓу кои војводата и војвотката од Глоукестер.

74-годишниот војвода и неговата сопруга Бриџит се први соседи на Кејт и Вилијам, имаат на располагање 21 просторија, а наводно Хари има желба да им го преземе.

Меѓутоа, војвотката Бриџит, пишуваат британските медиуми, не сака да се сели.

Поради нејзината непопустливост, Меган и Хари наводно размислуваат целосно да се иселат од Кензингтон имотот. Дека тие и не мора да живеат во палатата, како што пишуваат таблоидите, се и гласините во кралското семејство дека Хари и Вилијам нема потреба да бидат на иста адреса бидејќи ќе имаат различни обврски поради фактот што принцот Вилијам е престолонаследник.

Од Кензинготн палатата за „Дејли Маил“ ги демантирале наводите дека Меган и Хари „меркаат“ веќе зафатен дел од палатата. Меѓутоа, оттаму не соопштиле каде идните родители ќе живеат, па затоа британските медиуми пишуваат дека проблемите со роднините допрва ќе испливуваат на површина.